Си беше еднаш – Минато определено несвршено време

L’imparfait de l’indicatif (минато определено несвршено време) искажува минато засведочено дејство.

ОБРАЗУВАЊЕ: 

L’mparfait се образува кога на основата (која се добива кога од прво лице множина сегашно време од глаголот ќе се тргне наставката – ons) и се додадат следниве наставки: 

       еднина                множина

1. – ais                       1. – ions

2. – ais                       2. – iez

3. – ait                        3. – aient

  1. Сите форми од еднина и трето лице множина се изговараат исто. 

УПОТРЕБА:

1. Опис на дадена ситуација во минатото; 

Ex. : Quand il était jeune, il habitait à Paris. – Кога беше млад, тој живееше во Париз. 

2. Опис на личности и прјсажи;

Ex. : Elle avait des cheveux blonds. – Таа имаше руса коса.  

3. Дејство што искажува навика во минатото;

Ex.: J’allais au cinéma tous les samedis. – Секоја сабота одев на кино. 


Си беше еднаш приказна

Пепелашка чисти

Пепелашка плаче

Пепелашка принцеза

Facebook Comments