Денеска во нашето училиште беше одбележан Денот на франкофонијата. Со учениците од VI, VII и VIII одд. од Пехчево и од подрачното училиште во с. Црник приготвивме мала изложба на трудови со еко пораки (Се грижам за мојата планета), а воедно спроведовме и мала хуманитарна акција во која собравме средства за да му помогнеме на парализираното кученце Луси. Ова го направивме со цел да ја подигнеме еколошката свест кај младите, но и да ги потсетиме дека и животните имаат права. Се надеваме дека оваа наша постапка ќе ја следат и други млади луѓе и ќе придонесат за една поубава Македонија.
Facebook Comments