J’aime le français! Со цел да ги направиме часовите по француски јазик поинтересни за изучување ги вклучивме учениците од шесто и седмо одделение во неколку европски проекти каде што тие ќе имаат можност да се запознаат со своите врсници притоа користејќи го францускиот јазик. Јас и моите ученици моментално учествуваме во 3 активни проекти и тоа: „Претстави се себеси“, „Ние учениците од шесто“ и „Пријателство и хармонија во европски контекст“. На овој начин учениците не само што го подобруваат своето познавање на францускиот јазик туку им се отвара можноста во иднина да аплицираат на најразлични проекти и да станат потенцијални корисници на грантови од страна на Националната Агенција. Во прилог ги објавуваме писмата добиени од Франција и Турција.
Сакам француски!
Facebook Comments
- Мали Корисни Зборчиња
- Глаголот сум во сегашно време