lachambredessecrets.com е посветена на заштита приватноста и интегритетот на личните податоци со кои доаѓа во контакт во текот на своето работење. Во овој документ за применета политика за приватност (privacy policy) се назначени видовите лични податоци кои ги примаме и собираме при користење на веб-сајтот lachambredessecrets.com (www.lachambredessecrets.com), како и некои од чекорите кои ги преземаме за нивна заштита.
Основни одредби
Сите приватни податоци под контрола на lachambredessecrets.com се добиени доброволно, преку експлицитна согласност на нивните сопственици, или од трети страни кои ја имаат добиено согласноста на сопствениците за таа намена. Личните податоци под контрола на lachambredessecrets.com се користат само за намената за која се собрани, а доколку има потреба да се искористат и за други цели, тоа се прави само со експлицитна дозвола од нивните сопственици. Политика на lachambredessecrets.com е записите кои содржат лични податоци да се уништуваат/бришат по истекот на рокот за нивно чување, доколку е определен со договор или закон, или по завршувањето на проектот во рамки на кои биле собрани. Податоците кои се прибираат преку веб-сајтот на lachambredessecrets.com се користат само за статистички потреби, а не и за следеење на активноста на поединечни корисници. Во случај на криминална истрага, lachambredessecrets.com се придржува до важечките закони на Р. Македонија и податоците собрани со активноста на веб-сајтот се достапни на органите на прогон само со валиден судски налог, со исклучок на случај на злоупотреба на нејзин информациски систем или веб-сајт, кога логовите може се испитуваат и анализираат и во предистражната постапка.
Користење колачиња
Веб-сајтот на lachambredessecrets.com користи колачиња или кукија (cookies) во следните случаи:
– За спречување на двојно гласање при пополнување на анкети или други форми.
– При најавување на корисници во делот заштитен со налог и лозинка, кој не е јавен.
– За соодветно претставување на јазичната верзија на сајтот за корисници кои направиле избор во тек на претходна посета.
Екстерни бројачи на посети
Заради зголемена транспарентност и споредбени анализи, веб-сајтот на lachambredessecrets.com користи екстерeн бројач на посети. Екстерниот бројач има пристап до следните податоци за посетителите: IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и посетени веб-страници од сајтот во кои е вметнат кодот од бројачите. Бројачот става на располагање на јавноста дел од деталните податоци за последните 100 посетители, со прикривање на дел од IP адресата, како и статистички податоци за бројот на посети и отворени страници во последните 12 месеци.
Е-пошта
Податоците кои посетителите ги испраќаат доброволно преку е-пошта и формуларот за контакт се сметаат за службена тајна и се чуваат во согласност со општите одредби и правилата и прописите за архивско работење. Тука спаѓаат и нивната адреса за е-пошта, име, презиме, поштенска адреса, телефон.