Како во македонскиот така и во францускиот јазик придавката мора да се усогласува по род и по број со именката која што ја определува.
Показни придавки во францускиот јазик се:
- Ce (овој,оној) = за машки род еднина кога именката започнува со согласка
Пр. J’aime ce livre. – Ја сакам оваа книга.
- Cet (овој,оној) = за машки род еднина кога именката започнува со самогласка или со немо h.
Пр. Cet homme est gentil. – Овој човек е љубезен.
- Cette (оваа,онаа) = за женски род еднина
Пр. Cette fille est americaine. – Ова девојче е американка.
- Ces ( овие,оние) = за двата рода во множина
Пр. Donne-moi ces livres! – Дај ми ги овие книги!
Показната придавка стои секогаш пред именката. Ако предметот е далеку од нас го користиме прилогот -là ( таму) a ако предметот е близу до нас го користиме прологот -ci (овде).
Пр. Ce prof-ci parle beaucoup, Ce prof -là est sympatique. – Овој професор овде зборува многу, оној професор таму е симпатичен.
Facebook Comments